Македонија
26. August 2022 - 11:05

Приведен бегалец од затвор, кај него пронајден хероин

МВР информира дека вчера, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Д.(42) од Велес.

Тој бил баран со потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Велес.

-При преглед кај него бил пронајден и одземен хероин. Лицето е предадено на надлежната казнено поправна установа, а против него ќе биде поднесена и соодветна пријава, велат од МВР.