Македонија
20. August 2025 - 13:40

Приведен 40-годишник, управувал возило со 108 километри на час на место каде е дозволено 50

На 19.08.2025 во 19.21 часот во с.Сопотница, демирхисарско,  полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода И.С.(40) од с.Дебреше, гостиварско. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал возило „ауди” со гостиварски регистарски ознаки во населено место со брзина од 108 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час. 

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесенаа соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.