Македонија
31. March 2021 - 16:25

Приведен 36-годишник од Тетовско баран со потерница

Полициски службеници од тетовскиот Сектор за внатрешни работи, денеска во 14 часот во Тетово, го привеле А.Б. (36) од село Пршовце.

Лицето е приведено врз основа на судска наредба за издржување казна затвор, информираат од МВР.

Во сооппштението се дополнува дека лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.