Приведен 26 годишен велешанец, управувал возило со 2,07 промили во крвта и нападнал полициски службеник

На 13.05.2025 во 00.35 часот на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Д.(26) од Велес. Тој бил запрен од полициски службеници затоа што бил забележан како со голема брзина управувал патничко возило „нисан“ со велешки регистарски ознаки. Притоа, тој одбил да му се изврши алкотестирање и почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници и удирал по службеното полициско возило, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници.
А.Д. бил задржан во полициска станица и од извршените проверки било констатирано дека тој го управувал возилото без возачка дозвола и со 2,07 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297 А - „безобѕирно управување со моторно возило“ и член 383 од Кривичниот законик - „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, како и за сторени прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај.
Ново на Сител
-

Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-

Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
-

Седница на собраниската Комисија за европски прашања
-

Нетанјаху обвинува по масакрот во Сиднеј: Австралија го поттикнува антисемитизмот со признавање на палестинската држава
-

МФ организира настан на тема „Зајакнување на институционалните капцитети: Одбележување на соработката меѓу САД и Северна Македонија“
-

Последна овогодишна сесија на Европарламентот
-

Наутро магла, преку ден сончево до 13 степени
-

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
