-->
-->
Приведен 21-годишен гевгеличанец кој превезувал 13 мигранти од Сирија
-->

Дваесет и едногодишен жител на Гевгелија вчеравечер бил приведен од полицијата бидејќи превезувал 13 мигранти од Сирија.
Како што соопшти МВР, М.Г. (21) бил проведен вчера околу 19.30 часот во село Давидово од полициски службеници од РЦГР Југ- Полициска станица за ГП и ГН Богородица.
-Со патничко моторно возило „фолксваген туарег" превезувал 13 мигранти од Сирија, од кои две малолетни лица. Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира Министерството за внатрешни работи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
-

Иранската војска соопшти дека Ормуската Теснина е затворена
-

Македонија има светски шампион во карате – Марко Џорлев со пет победи стигна до златниот медал!
-

Во тек акција на МВР за сузбивање на трговија со дрога и оружје
-

Сончево со мала локална облачност до средината на следната седмица
-

Трамп тврди дека Зеленски добил „милијарди долари“, Шикорски негира - САД немаат дадено „ниту цент“ од јануари 2025
-

МВР: Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
