Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
Приведен е 18-годишен скопјанец кој пред угостителски објект во Скопје учествувал во две одделни тепачки, а во едната извадил и пиштол, но бил совладан од обезбедувањето на објектот по што му бил одземен пиштолот.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека 18-годишниот М.К. е приведен синоќа 20 минути по полноќ.
- Според пријавеното, пред угостителскиот објект бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу него и М.З.(20) и А.И.(19) од Скопје, од друга страна. Исто така, според пријавеното, во одделен случај пред истиот угостителски објект, настанала физичка пресметка помеѓу М.К. од една страна и А.И. и С.Х.А.(21) од друга страна, при што М.К. извадил пиштол и го вперил кон нив, но бил совладан од обезбедувањето на објектот и пиштолот му бил одземен, стои во информацијата од МВР.
По целосно документирање на случајот, како што најавува МВР, ќе следуваат соодветни пријави.
МИА
Ново на Сител
-
Комбе излетало од мост на патот Штип-Радовиш, има починати | ФОТО
-
ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, но во помал обем, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната
-
Нетанјаху: Нема да има палестинска држава
-
Во Собранието седница за Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори
-
Полицијата објави видео-снимка од осомничениот за убиството на Кирк
-
Поранешнот претседател на Бразил осуден на 27 години затвор
-
Дел од општините Аеродром и Центар без вода
-
Променливо облачно, до 33 степени