Македонија
26. October 2025 - 13:14

Приведен 16-годишник, украл торба со паричник и мобилен телефон од 63-годишна жена од Скопје

На 25.10.2025 во 14:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 16-годишник од Скопје, по претходна пријава дека околу 14:10 часот, пред продавница на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на физичка сила одзел торба со паричник и мобилен телефон од 63-годишна жена од Скопје, која притоа се здобила со повреди.

По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.