Приватните доктори утре ќе примаат само итни случаи поради неисполнување на нивните барања
Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) утре мирно ќе протестираат во своите амбуланти и нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин“, туку ќе примаат само итни случаи.
Ова е нивни револт кон надлежните откако не е исполнет рокот од две недели за спроведување на нивните барања даден на средбата на претставници на Здружението со заменик – министерот за здравство Владимир Рендевски, во која малку подоцна се вклучил и министерот за здравство Беким Сали. Рокот кои тие го дадоа беше за формирање на работни групи, кои ќе работат на проблематиката, а тој истече денеска напладне.
– Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест, најави на денешната прес-конференција д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛМ.
Ваквата одлука ја донел Управниот одбор на ЗПЛМ, одржана во неделата, кога се договориле да чекаат до денеска напладне, во спротивно повторно да протестираат како пред две недели..
Таа појасни дека тие со надлежните на состанокот пред две недели ги определиле точките по кои ќе работат работните групи, односно кои ќе бидат со Министерството за здравство, а кои со Фондот за здравство. Тие како приоритетни ги ставија проблемот со зголемување на вредноста на капитацијата и режимот на лекови, за кои им било ветено и нивно постепено решавање.
-Приватното здравство две недели им остави на надлежните како што беше заеднички договорено, да се формираат работни групи и да започне со ветените реформи, затоа што незадоволството на приватните лекари е големо. Но, за две недели ништо не се случи. Целта на мирниот протест е да го задржиме вниманието на здравствените власти за сериозноста на проблемот, потенцира д-р Чолакова Дервишова.
Таа информира дека не се реализирала јавната расправа за пациенти за ПЗУ, бодот за капитација не се згоемил. Посочи дека позагрижувачки е тоа што се уште има доктори во градовите во земјава кои секој ден затвораат и се иселуваат од здравствените домови, се’ со цел да не си ги затворат фирмите и како носители на основната дејност да стават во овие ординации да работат млади лекари и да продолжат да работат. Во здравствените домови им дозволуваат да работат само до 67 години, а во помалите места има се’ помалку лекари, бидејќи младите лекари се иселуваат од земјава.
-Ништо не се случи и околу казнената политика кон приватните доктори и нов анекс.Така што за тие кои се во многу тешка состојба, буџетите се се уште исти за нив, како и за лабараториите. Бидејќи ништо не се помести ние се одлучивме повторно на протест, рече д-р Чолакова Дервишова.
Потенцира дека целта е да се придвижат работите и да останат да работат лекарите во малите места во земјава и да не се затвораат ординациите. Таа додаде дека една третина од 1.400 доктори во земјава земаат минимална плата, а имаат и бројни зголемени давачки кои не можат да ги подмират.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето