Приватните автобуси на „Слобода превоз“ утре нема да сообраќаат поради долг од ЈСП „Скопје“
Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, утре нема да сообраќаат поради тоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатила долгот кон компанијата.
Сопственикот на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски изјави дека доколку не се оствари средба со претставници на Град Скопје и градското претпријатие ќе има протести, а ако и натаму нема резултат, приватните превозници најавуваат штрајк.
-Во опција е и поднесување претставка до Антикорупциската комисија, а можеби и тужба на адреса на директорот на ЈСП за злоупотреба на службена должност, затоа што парите наменети за нас се пренасочуваат на друга страна, изјави Јовановски.
Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.
Ново на Сител
-
Федерален судија ја суспендира одлуката на Трамп да му забрани на Харвард да прима странски студенти
-
Облачно со повремени врнежи од дожд
-
Две лица загинати откако со мотор удриле во бетонски столб во Скопје
-
Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Женева
-
Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната, разменети се 780 луѓе
-
Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари
-
Силно невреме го зафати Белград, поплавени улици колапс на сообраќајот
-
Идниот гувернер ќе се избира на 28 мај