-->
-->
Притворено лице кое подметнало пожар во куќата на неговиот родинина
-->
Материјална штета од околу 10 илјади евра претрпел И.Х.(26) од тетовското село Гајре откако неговиот роднина Ќ.И.(69) од истото село под засега неутврдени околности предизвикал пожар во неговата куќа, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци опожарен е покривот на куќата, целата покуќнина на приземјето и катот, а оштетени се и sидовите и фасадата на објектот.
Со интервенција на тетовските пожарникари и мештаните за кусо време пожарот бил локализиран. По извршениот увид полицијата го привела Ќ.И. и по извршениот разговор тој бил пуштен. Надлежните работат на утврдување на причините и се друго поврзано со пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе штедат на зимница - теглите со ајвар ќе бидат преполовени
-
Температурните осцилации ќе ја намалат годинашната реколта на ориз
-
Скопската Брза помош со многу работа, но со малку кадар
-
36 икони чекаат да се вратат во македонските цркви
-
Пожар го пеплоса имотот на семејство во Канатларци - штетата 100.000 евра
-
Преглед на вестите од светот
-
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика
-
Тема на денот со Венко Филипче, СДСМ