Притворените припадници на ИД се голем безбедносен ризик, тврди претставник на Стејт департментот
Околу 10.000 притворени припадници на Исламска држава и нивните семејства, кои се наоѓаат во логорите на североистокот од Сирија, претставуваат голем безбедносен ризик, изјави висок претставник на Стејт департментот, наведувајќи дека милициите на сириските Курди, сојузници на САД, се целосно способни да ги чуваат.
Исламска држава ги загуби речиси сите свои територии во Ирак и Сирија. Нејзиниот поранешен лидер Абу Бакр ал-Багдади беше убиен минатиот месец во американски напад во Сирија.
Светските лидери ја поздавија неговата смрт, но безбедносните експерти предупредија дека оваа група, која направи многу злосторства против верските малцинства и ги ужасна мнозинството муслимани, останува закана за безбедноста на Сирија и надвор од неа.
Сојузниците беа загрижени дека екстремистите на ИД можат да побегнат од затворите во текот на нападот на Турција врз милициите на сириските Курди, кои заробија илјадници борци на оваа група и во нивните логори чува десетици илјади членови на нивните семејства.
-Имаме целосна доверба во способноста на сириските Курди да ги обезбедат објектите за притвор во кои ги чуваат овие луѓе и го оддржуваат логорот ал-Хол, но, сепак, не сакаме ништо од сето ова да го изложиме на ризик од било кои хуманитарни, противтерористички и други причини, рече американскиот функционер од Стејт департментот.
Ново на Сител
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија