Притвореничка од Затворот Скопје ќе сведочи за убиството на Пино Секондо
Во Кривичниот суд на денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше А.Г., која била деловен соработник на обвинетиот Али Фуркан, кој е во бегство. Таа рече дека Фуркан и Ангела Ѓорѓиевска кога дошле во нејзиниот дом нормално се однесувале и оти изјавите дека извршиле убиство не ги земала за сериозни.
-Освен во декември, тие дојдоа на гости и во февруари или март. Темата за убиството не беше отворена. За Али Фуркан имам добро мислење. Секогаш помагал. Подетално не го знам. За Ангела имам мислење дека е затворен тип, некомуникативен. Не ја знам повеќе од година дена, изјави сведокот А.Г.
Обвинетат Ангела Ѓорѓиевска, побара објаснување од сведокот А.Г. зошто при последното рочиште, додека излегувала од судница ја погледнала мајката на починатиот и ги кренала раменици, со мисла, како што рече, толку знаев, толку можев.
-Можеби така сум постапила махинално. Оваа е нешто ново за мене. Не се чуствувам добро што сум во суд за едно вакво убиство. Не сум имала контакт со мајката на убиениот. Со Али Фуркан, после февруари-март се имам видено уште еднаш на кратко во ТЦ „Мавровка“ на кафе и толку, изјави сведокот А.Г.
Застапникот на обвинението, обвинителката Лидија Раичевиќ, за следното рочиште како сведок ја предложи Блерта Поцеста, притвореничка од Затворот Скопје, која изврши ладнокрвно убиство на тројца членови на своето семејството во Дебар.
Според обвинителката Раичевиќ, Поцеста како сведок треба да збори за околностите што ги слушнала за овој настан.
Одбраната на обвинетата Ѓорѓиевска реагираше на овој предлог со образложение дека најавениот сведок е во нарушени односи со обвинетата.
Истото го кажа и Ангела Ѓорѓиевска, која обвини дека мајката на Пино нуди пари и добар адвокат за секоја информација во врска со настанот. Но истото не можеше да го потврди.
Следно судско рочиште за убиството на Пино Секондо е закажено за 13 март. Судењето го води судијата Ленка Давидковска.
Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али, кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.
Ново на Сител
-
Турски државјани осомничени за помагање на странци при незаконит престој во државава
-
Николоски на средба со УКЕФ во Лондон: Македонија со огромна подршка од Велика Британија го започнува најважниот регионален проект за брза пруга на Коридор 10
-
Герасимовски: Во две смени работат нашите хигиничари, Комунална хигиена мора да се освести ни се спрема катастрофа
-
Со 2,05 промили алкохол во крвта возел „мерцедес“ низ Кавадарци
-
Вработени од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест, од 28-ми најавуваат активирање на одлуката за штрајк
-
Истрага за злоупотреби во прилепската болница, осомничени 32 лица
-
Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз
-
Тасевски: ССКЛ има право и овластување да организира штрајк