Притворени двајца разбојници кои нападнаа и ограбија старец во гостиварски Равен

Две лица добија мерка пртвор, а по едно се трага по расчистување на случајот со разбојништво врз жител на гостиварското село Равен. Судија во претходна постапка опредли триесетдневен притвор за Ј.И.(45) од Гостивар и албанскиот државјанин Г.Б.(42). Притворањето следува откако надворешна канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против нив и А.Ј.(28) од тетовското село Челопек по кој се трага. За трите лица постојат основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Тие на 18 август На 18 овој месец во гостиварското село Равен пријавение со употреба на сила извршиле разбојништво над 72-годишниот М.А.
По пријавата, утврдено е дека во неговиот дом додека престојувал со пријателка околу 20 часот и 30 минути, влегле нејзиниот син и невенчан сопруг, физички го нападнале, му одзеле пари и златен накит.
Од надлежното обвинитество информриаа дека заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, на јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар му е прифатен предлогот за определување на мерката притвор.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
