Притворен скопјанец за трговија со дрога
Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, поднесе кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје против скопјанецот Б.Ш.(25), поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, а од страна на Судија на претходна постапка му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Каско што соопшти МВР, Единицата за недозволена трговија со дрога акцијата ја спроведе по претходно добиено сознание дека пријавениот, во текот на месец јуни 2015 година, од засега непознато лице набавил поголема количина хероин и повеќе шишиња метадон, кои ги продавал на уживатели од Скопје.
По наредба од Судија на претходна постапка од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени 12,57 грама хероин, спакуван во 13 полиетиленски паковки, девет шишиња метадон од по 10 мл, четири шишиња хептанон од по 10 мл и една дигитална вага на која по извршеното вештачење се детектирани траги од хероин, посочуваат од МВР.
Ново на Сител
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот