Притворен скопјанец за продажба на масло од канабис

риесет и осумгодишниот скопјанец М.К.(38) неовластено набавувал марихуана и произведувал масло од канабис, кое ги продавал на уживатели од Скопје и Струга.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека на М.К. му е поднесена кривична пријава за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
М.К. во текот на овој месец од засега непознати лица, набавил поголема количина марихуана од која дел ја препакувал во помали пакувања со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје, а дел во својот дом во населбата Радишани, во импровизирана лабароторија ја преработувал во масло. По добиени оперативни сознанија дека М.К. препакуваната дрога и маслото почнал да ги продава на уживатели од Скопје, припадници на Единица за недозволена трговија со дрога презеле мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување материјални докази.
На 13 месецов полициски службеници на Единицата го забележале како се движи со возило во централното градско подрачје. Кога се паркирал го легитимирале и извршиле личен преглед и преглед на возилото кое го управувал, а во кое биле неговата сопруга и нејзината сестра. Од извршениот личен преглед, кај пријавениот биле пронајдени еден џоинт, кој во моментот го користел, а во фиоката кај совозачкото седиште седум полиетиленски пакувања марихуана со вкупна нето маса од 16,39 грама, еден шприц со масло од хашиш, како и две метални дробилки со остатоци од марихуана.
Пријавениот и неговите сопатници биле приведени во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од судија на претходна постапка истиот ден бил извршен претрес во домот и другите простории каде престојувал во населбата Радишани. Пронајдени и одземени се 3,5 килограми марихуана спакувана во шест најлонски кеси, 28,30 грама мешавина од марихуана и тутун, 9,8 милилитри масло од хашиш, 170,66 грама семки од марихуана, како и остатоци од масло од хашиш во предметите кои ги користел за произведување на маслото во импровизираната лабараторија.
М.К. негирал дека пронајдената марихуана и масло од хашиш ги продавал и рекол дека ги користел за лекување на неговата мајка.
Наредниот ден, на 14 месецов, по усна наредба од судија на претходна постапка од Основниот суд Струга, е изврен претрес во дом и други простории во Струга, каде живее семејството на пријавениот, при што во поткровјето од куќата биле пронајдени и одземени поголема количина на исушена марихуана и семки од марихуана, спакувани во тегли, пластични кутии и најлонски кеси, како и 47.000 денари во апоени од 500 и 1.000 денари, 580 евра, 150 американски долари и и 70 британски фунти, соопшти МВР.
Ново на Сител
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
-

Уапсен полицаец во Делчево кој возел без положен возачки испит, возилото одземено
-

Во две сообраќајни несреќи тешко повредени три лица, двајца малолетници и еден велосипедист
-

Медведев: Ситуацијата е многу опасна, не може да се исклучи глобален судир
-

Влада: Не знаеме кого Трендафилов чекал во празна сала, средбата помеѓу премиерот Мицкоски и претставниците на УПОЗ е закажана за четврток
-

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже
-

Дизел горивата поскапуваат за половина денар
-

Аудито на Мерко од 67.000 евра оди на надавање, почетна цена 10.000 евра
