Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје донесе одлука за определување мерки за обезбедување присуство против две лица осомничени за нападот врз новинарска екипа на телевизијата Алсат М, кој се случи за време на пожарот во скопската населба Визбегово.
Како што соопштуваат од Кривичен суд, на осомничениот А.Н. му е изречена мерка притвор во траење од осум дена, додека, на осомничената М.К. ѝ е определен куќен притвор, откако Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство.
Двете лица се товарат за кривичното дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ по член 382 став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик.
-Мерките се определени со цел обезбедување на осомничените, со оглед на тоа што покрај наведеното кривично дело, обвинителството ги истражува и причините за настанување на пожарот на отпадот во сопственост на двајцата осомничени, стои во соопштението од Кривичен суд.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта