Притвор за осомничен дилер на дрога во Велес
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. На предлог на обвинителството, Судот на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Во близина на неговиот дом, но и во шкаф на работното место во една фабрика, осомничениот држел вкупно 444,4 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во неколку пакувања, како и помало количество амфетамин. Полицијата при претресот одзела и една дигитала вага од осомничениот, се посочува во соопштението од Обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека има реална опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да влијае врз сведоците во постапката или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР
-

Трамп: САД „многу повеќе“ ќе го намалат бројот на војници во Германија
