-->
-->
Притвор за монструмот од Кочани кој силуваше дете - Му се закануваат 10 години затвор
-->

Основното обвинителство во Кочани отвори постапка против монструмот кој силуваше дете. Монструмот делото го сторил на 14 јули годинава, врз малолетно девојче, кое го принудил на обљуба два пати за кус временски период, со што извршил продолжено кривично дело Силување.
Поради стореното, Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот. Земајќи ја во предвид казната која се заканува за ова кривично дело која е најмалку десет години затвор, сметајќи дека постојат услови за бегство на осомниченото лице, дека е можно да го повтори делото и да влијае на сведоците, обвинителството предложи до надлежниот суд определување на мерка притвор.
Предлогот бил прифатен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара