Притвор за малолетник кој продавал марихуана низ Скопје

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека во текот на месецов, неовластено набавил и подготвил за улична продажба поголема количина марихуана.
Малолетникот е осомничен дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Како што се наведува во соопштението од МВР, пријавениот од засега непознато лице неовластено набавил поголема количина марихуана, по што ја однел во неговиот дом, а потоа ја препакувал во полиетиленски кесички кои ги подготвувал за улична продажба и планирал да ја продава на уживатели.
По превземени мерки полицијата на 25 јануари го забележала малолетникот во непосредна близина на неговиот дом и при извршено легитимирање и личен преглед, кај него е пронајдена поголема количина марихуана, спакувана во едно најлонско кесе.
Лицето било приведено и со него е извршен разговор во присуство на родител, а со наредба од Судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом при што било пронајдено едно најлонско кесе во кое имало 12 помали полиетиленски паковки со марихуана.
По извршеното вештачење на кесата пронајдена при личниот преглед и 12-те полиетлински пакувања пронајдени при претресот во неговиот дом било утврдено дека пронајдениот и одземениот материјал била марихуана со вкупна маса од 440,34 грама.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
