Притвор за дилер од Битола, продавал марихуана на деца

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45, како и Овозможување употреба на наркотични дроги согласно член 216 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.
Во текот на 2024 и 2025 година осомничениот во повеќе наврати неовластено продавал наркотична дрога – марихуана на наркозависници. Во текот на претходната постапка обезбедени се докази и дека за целиот тој период осомничениот во повеќе наврати им овозможувал да употребуваат марихуана и на малолетници на возраст од 14 години. При претрес во неговиот дом на 12 мај биле пронајдени околу 8 грама марихуана кои ги држел за неовластена продажба.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основниот суд во Битола поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Ново на Сител
-

Сопственик на фирма од кавадаречко оштетен за 80 илјади денари, измамен преку хакирана електронска пошта
-

Патничка повредена при судир на автомобил и автобус кај Струга
-

Во Струга приведен крадец баран за затворска казна од три години
-

Поетот Севдаил Демири и писателот Ресул Шабани добитници на државната награда „22 Ноември“ за 2025 година
-

Штети и проблеми од невремето во западна Грција и на островот Крф
-

ЦУК: Од обилните дождови поплавени домови, земјоделски површини и патишта
-

Приведени возачи од Штип, Кочани, Прилеп и Крива Паланка, возеле пијани и предизвикале сообраќајни несреќи
-

Уапсен Аца Лукас синоќа за време на концерт во Кавадарци
