Притвор и за пратениците
Кривичниот суд вчера им одреди 30-дневен притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, а куќен притвор добија Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и Љупчо Димовски, соопшти Основниот суд Скопје 1.
Против овие неправосилни решенија, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.
Шестемина пратеници беа на распит пред судија на претходна постапка во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.
Тарчуловски, Пешевска, Мукоски, Димовски, Арнаудов и Василевски се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Во петокот, Собранието на Република Македонија им го симна имунитетот, а известувањето до Кривичниот суд од Парламентот пристигна вчера по што тоа беше доставено на надлежните судии на претходна постапка, со што се создадоа услови да се постапува по предлогот на обвинителството.
Членови и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешниот протест пред Министерството за правда изразија револт против новите одлуки на судот и притворот за шестмината пратеници од нивната партија.
Тие воедно побараа итно ослободување на притворените, квалификувајќи го приведувањето како политички реваншизам.
Ново на Сител
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство
-
Њујорк или Бурса: Чаирчани ќе избираат помеѓу два архитектонски концепти