Притвор и кривична пријава за убиецот на семејството од Дебар
Кривична пријава за убиство против 28-годишната Б.П. денеска до Основното јавно обвинителство поднесе Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар.
Како што соопшти МВР, кривичната пријава е поднесена и против Ф.Г.(31) од Гостивар и В.К. (61) од Дебар за помагање во убиството на Амит Поцеста (54), неговата сопруга Назмије (53) и нивната ќерка Анила (14).
Сите се приведени, а судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар им одреди притвор во траење од 48 часа.
Порталот Инфо Шќип, повикувајќи се на полицијата, утрово пишуваше дека извршител на тројното убиство во семејството Поцеста во Дебар е нивната поголема ќерка.
Неофицијално, откако Б.П. го извршила грозоморното убиство отпатувала за Италија, по што повторно се вратила во Дебар, откако роднините „ја известиле“ за трагичниот настан.
Поцеста беа застрелани со пиштол на 26 август во утринските часови во нивниот дом додека сопружниците спиеле во спалната соба, додека девојчето во неговата соба. Биле пронајдени од близок роднина истиот ден околу 21 часот.
Сопружниците речиси три децении со своите три ќерки живеле и работеле во Италија, а во родниот крај вообичаено, како и секоја година, доаѓале за време на летниот одмор.
Тие беа погребани на градските муслимански гробишта во Дебар во вторникот, а до вечните почивалишта ги испратија неколку илјади дебарчани.
Ново на Сител
-
Определен притвор за четворица осомничени за пукањето во Тетово
-
Бела куќа: Трамп и Путин ќе имаат состанок в петок во Енкориџ
-
Свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор
-
Ангелов: Борбата со пожарот во ловиштето Јасен продолжува, успешно изгасната една линија, теренот останува критичен
-
Го живеам мојот сон, сакам да ме паметат по дела | Орце Ѓоргиевски | Неформално | Sitel Podcast 108
-
ЦУК: Активни пожари во Јасен, Свиларе, Радуша и уште четири локации
-
Студентската листа е 99 отсто завршена, во неа нема опозиција ниту влада, тврдат српските студенти во блокада
-
Израел тврди дека нема масовна глад во Газа