-->
-->
Пристигнува нова пратка на фингерпринт апаратите
-->
Нова пратка на уреди за биометриска идентификација на гласачите се очекува попладне да пристигне во земјава.
Државната изборна комисија соопшти дека пратката ќе биде пречекана пред Домот на АРМ во 13 часот.
Првите уреди за биометриска идентификација пристигнаа на почетокот на месецов и со нив се обучуваат избирачките одбори. Уредите за биометриска идентификација или уште познати како фингерпринт се набавени од германската фирма „Дермалог“. За првпат ќе се користат на претстојните локални избори со цел да се зголеми довербата во изборниот процес и да се елиминираат досегашните сомневања во изборните резултати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Меџити: Времето е за работа, ред и развој, време е за Чаир
-
Можноста за воведување на нови авиолинии, тема на средбата меѓу вицепремиерот Николоски и шведскиот амбасадор Солстром
-
Пленковиќ: Не е прашање дали, туку кога Хрватска ќе ја признае Палестина
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Трамп денеска со Нетанјаху во Белата куќа за мировен договор за Газа
-
Скопјанка измамена за 18.000 денари при изнајмување стан, депозитот го оставила во сандаче
-
Келог: Трамп ѝ даде „зелено светло“ на Украина за напади длабоко во територијата на Русија
-
Тешко повредени двајца малолетици откако со возило излетале од патот