-->
-->
Пристигна помошта од Унгарија за поплавените подрачја
-->
Најавена е помош од 10 држави, а од четири е веќе пристигната и е внесена во магацините на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Опремата се дистрибуира на терен.
Ова денеска го истакна директорот на ДЗС Шабан Салиу на примопредавањето на помошта од Република Унгарија.
- Унгарија денеска донираше материјално технички средства, вреќи за спиење, кревети, лопати, хигиенски влошки, маски... Ова претставува еден дел од опремата што ќе биде донирана. Од амбасадата најавуваат дека вториот контигент од околу четири камиони треба да пристигне наскоро, информира Салиу.
Директорот Салиу се заблагодари на сите држави кои помогнаа досега.
Заменик амбасадорот на Унгарија во Македонија Ѓула Шомоѓи појасни дека ова е првата пратка која доаѓа од Националниот Директорат за управување со кризи на Унгарија и содржи повеќе практични и технички средства за ДЗС и за жртвите.
- Вечер ќе пристигне уште една донација, од Министерството за надворешни работи и од локалните власти на Будимпешта, и таа ќе биде упатена директно во општината Гази Баба, со која имаме специјална соработка. Таа пратка се состои од конзервирана храна, средства за дезинфекција и храна за бебиња - кои се многу потребни во подрачјата погодени од поплавата, истакна Шомоѓи.
На новинарско прашање за повлекување на помошта од Србија директорот на ДЗС Шабан Салиу рече дека е точно оти пред два дена си заминале ангажираните од Србија, но поради тоа што тие си ја завршиле својата работа за што биле пратени односно за исцрпување на водата која веќе е завршена.
Салиу повтори дека во поплавите настрадаа 22 лица и дека се уште има едно исчезнато лице, а тоа е дете на 16-месечна возраст и дека се трага по него.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Македонија нема доволно пречистителни станици за отпадни води
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола