Пристигна новата група американски волонтери кои се дел од Мировниот корпус
Педесет и шест Америкаци кои ќе служат како волонтери на Мировниот корупс денеска пристигнаа на скопскиот аеродром.
Тие за време на двегодишниот престој во државава ќе го споделат своето знаење и искуство работејќи како наставници по англиски јазик во училиштата, дефектолози во дневните центри за лица со посебни потреби, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.
Волонтерите беа пречени на аеродромот од директорот на Мировен корпус во Северна Македонија, Марк Ханафин.
– Ова е најголемата група волонтери во историјата на Мировниот корпус во Северна Македонија. Од година во година, бројот на волонтери сè повеќе се зголемува. Ова го покажува големиот интерес што постои кај Американците да служат во Северна Македонија, изјави Ханафин.
Ова е 24-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ Северна Македонија. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во земјата ќе ја почнат во декември.
Мировниот корпус е американска владина организација која ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика. Од 1996 година повеќе од 800 американски државјани служеле во Северна Македонија.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија