Приштина го осуди нападот врз косовскиот автобус во Србија, бара од Брисел да реагира

Министерството за надворешни работи на Косово изрази вознемиреност поради денешниот напад во Белград врз автобус со косовски регистерски таблички кој превезувал граѓани од албанска националност преку Србија за една од западните земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовското МНР изрази загриженост поради постојаното загрозување на животите на косовските граѓани кои патуваат преку Србија.
– Министерството за надворешни работи изразува длабока вознемиреност поради нападот врз автобус со граѓани на Република Косово додека се движеше низ Србија. Загрижени сме поради овие постојани напади врз се што се движи од Косово преку таа соседна држава и сега овие напади претставуваат растечки потенцијал на опасност по животот на нашите граѓани, се вели во соопштението доставено до порталот коха.нет. МНР вели дека и натаму очекува детали од безбедносните власти на Србија, но верува дека доцнењето на информациите од Белград се прави намерно, со цел да се минимизира инцидентот, за кој тврди дека е „политички мотивиран од политичките претставници на таа земја“.
Во соопштението на косовското МНР се изразува зариженост поради недостигот на реакции од институциите на ЕУ, и тоа не само за овој случај. – Загрижени сме и поради фактот дека институциите на Европската унија за ниту еден од ваквите случаи не реагираат, како што не реагираат и не реагирале ниту против кампањата на Србија насочена против Косово и неговите граѓани, се вели во реакцијата на официјална Приштина.
МНР апелира до косовските граѓани максимално да го избегнуваат патувањето низ Србија, затоа што, како што наведува, „таа држава не престанува да ја поттикнува омразата и нападите врз нив и врз Република Косово“.
Ново на Сител
-

Арсовска сепак назначи нов директор на Kомунална хигиена
-

Дистрибуиран гласачкиот материјал, во четири општини нема да се гласа
-

Меџити не исклучува Села да влезе во Владата, тој пак, тврди дека останува опозиционер
-

Капитални проекти, парична помош за пензионери, смарт осветлување се дел од проектите на кандидатите за скопските општини
-

Една претставка за изборите стигнала во КЗСД – утре ќе одлучуваат и за случајот со кичевскиот градоначалник Дехари
-

Силјановска Давкова: Наместо поддршка добивме уцени и услови за членството во ЕУ
-

Во исто време има и грип и Ковид-19
-

Винаријата Монтеко го промовираше премиум виното Волкано
