Приштина е за продолжување на дијалогот до Белград, но со јасни цели

Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави дека Приштина е посветена на продолжувањето на дијалогот со Белград, но со јасно мерливи цели, наведувајќи го взаемното признавање како две независни и суверени држави.
- Без взаемно признавање дијалогот нема смисла, рече Хоџај.
Приштинскиот весник „Зери“ пренесува и изјави на познавачите на меѓународните односи и европски интеграции во Приштина, кои сметаат дека Косово мора ги промени луѓето, кои го претставуваат во дијалогот и својот пристап во разговорите со Белград.
„Зери“ додава дека тие сметаат оти „инсистирањето на директно признавање во текот на дијалогот треба да биде безусловно“.
Аналитичарите, додава „Зери“, сметаат дека Приштина досега не ги искористила сите можности од дијалогот, така што е неопходна „длабока промена на форматот на дијалогот“.
Реструктуирањето на дијалогот го поддржа и косовскиот премиер Иса Мустафа, кој на четиригодишнината од Бриселската спогодба изјави дека не би био разумно дијалогот да продолжи на досегашниот начин.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
