Џет-Сет
2. July 2018 - 23:06

Принцезата Дајана и славниот пејач сепак биле во врска?

Брајан Адамс имаше посебен однос со покојната принцеза Дајана, а нејзиниот батлер тврди оти тие двајца биле во врска.

Музичарот Брајан Адамс гостуваше во емисијата „Погледнете што се случува“ со Енди Коен и за прв пат навистина зборуваше за својот однос со Лејди Ди.

Пејачот рече дека навистина биле многу блиски и добри пријатели, а остана затечен кога водителот го праша дали биле „пријатели во бенефиции“. На тоа прашање Адам не сакаше да одговори.

Коен на Адамс му рече дека батлерот на принцезата тврди оти Адамс скришно влегувал во палатата за да се гледа со Дијана.

-Каква навистина беше вашата врска, го праша водителот, а Брајан одговори:

-Бевме само големи пријатели. Не се криев во палатата, едноставно одев кај неа. Да бевме пријатели.

Водителот се обиде да дознае дали постоел и љубовен сегмент на овој однос, но музичарот вешто избегна да одговори, па ниту потврди, ниту негираше.