Примопредавање на должноста командант на Првата механизирана пешадиска бригада

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска ќе се одржи свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) која е во составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ. Должноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Павле Арсоски ќе ја прими полковник Зоран Милески кој досега ја извршуваше должноста началник на штаб во истата бригада.
На свеченоста ќе присуствуваат началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Рацај Мухамет, командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од Министерството за одбрана и ГШ на АРМ, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр и други гости.
Како повисока здружено-тактичка единица во составот на ЗОК, 1.мпбр преставува јадро на борбената сила на АРМ која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси, како и за поддршка при природни катастрофи, епидемии и други опасности, што претставува и нејзина основна мисија.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
