Примероци од пет пациенти ќе се секвенционираат за да се утврди дали ја имаат БА2 варијантата на „Омикрон“
Примероци од пет пациенти тестирани за КОВИД-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, а дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2 ќе се знае по завршувањето на секвенционирањето односно по една недела. Официјалниот извештај ќе следи откако ќе заврши целата процедура, изјави за МИА д-р Дугаџин Османи од Институтот за јавно здравје.
Овие пет, посочи тој, имаат индиции на овој тест дека се работи за таа подваријанта, но не може да се потврди додека не заврши секвенционирањето.
– Начинот да се потврдат кои било варијанти нови или тие што веќе се во оптек во светот е секвенционирањето. Во светот има и нови тестови кои даваат насоки за која варијанта или подваријанта се работи. Тие се наменски направени за постоечките варијанти. Во ИЈЗ ги користиме и тие тестови и тие најмногу користат како тест за селекција за секвенционирање. Не само тие пет може да има и други селектирани примероци. Можно е да се најде варијанта која воопшто не постои во светот, рече д-р Османи.
Од Министерството за здравство за МИА информираа дека до овој момент, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје не се детектирани подваријанти на омикрон.
– Стручните лица ги селектираат примероците кои се квалификуваат за да се секвенционираат и јавноста навремено ќе биде информирана за сите нови аспекти од овој процес, потенцираа од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица