-->
-->
Примера: Валенсија ја „среди“ Барселона
-->
Фудбалерите на Валенсија се радуваа на триумф синоќа на последниот натпревар од 33.коло од Примера. Тие како гостин го победија првакот Барселона со 2:1 и ја продолжија кризата на „каталонците“. Барселона е без победа четири натпревари во Примера (три порази по ред) и елиминирана е од Лигата на шампионите.
Валенсија поведе со автоголот на Иван Ракитиќ во 26.минута, а во 45+1 минута на 2:0 зголеми Санти Мина. Голот за Барселона го постигна Лионел Меси во 63.минута . Ова за него беше 500.ти гол во кариерата.
Резултати од 33.коло: Барселона – Валенсија 1:2, Атлетико Мадрид – Гранада 3:0, Рајо Ваљекано – Виљареал 2:1, Севиља – Депортиво 1:1, Малага – Атлетик Билбао 0:1, Селта – Бетис 1:1, Еибар – Реал Сосиедад 2:1, Лас Палмас – Хихон 1:1, Хетафе – Реал Мадрид 1:5 и Леванте – Еспањол 2:1.
Следното коло се игра од вторник до четврток.
Табела: Барселона 76 бодови, Атлетико Мадрид 76, Реал Мадрид 75, Виљареал 60, Атлетик Билбао 54, Селта 53, Севиља 49,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Граѓански протест ,,Кој е следен‘‘ за смртта на Фросина Кулакова во Скопје
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски - Коалиција ,,Сите за правично судење"
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
МВР спроведува акција за откривање печатница за фалсификување пари
-
Како возачот што ја прегази Фросина добил телефон во затворот
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени