Фудбал
30. August 2015 - 8:04

Примера: Реал Мадрид со „петка“ за Бетис

Екипата на Реал Мадрид по бледиот настап во 1.коло и освоениот бод, на синоќа одиграниот дуел од втората рунда ја победија екипата на Бетис со 5:0. По два гола постигаа Герет Бејл и Хамес Родригез, додека еднаш мрежата на Бетис ја затресе и Карим Бензема. Гостите при резултат 4:0 не реализраа пенал.

Барселона оствари минимален триуф од 1:0 дома со Малага - 1:0. Стрелец на голот беше Вермален во 73.минута.
 
Резултати 2.коло:
Реал Мадрид - Бетис 5:0, 
Селта - Рајо Ваљекано 3:0,
Барселона - Малага 1:0, 
Реал Сосиедад - Хихон 0:0,
Виљареал - Еспањол 3:1.
Денеска се играат дуелите:
Еибар - Атлетик Билбао,
Севиља - Атлетико Мадрид,
Валенсија - Депортиво,
Хетафе - Гранада и 
Лас Палмас - Леванте.