Прилепските градинки го зголемуваат бројот на децата, а стигуваат и донации
Во прилепските градинки се нормализира работењето, тенденција е да се зголеми бројот на дневното згрижување деца, а големи донации стигнуваат од компании за подобрување на условите за работа.
Според Орце Тодороски, раководител на прилепските градинки „Наша Иднина“ по одлуката на Комисијата за заразни болести за зголемување на групите деца во градинките, се очекува полека да се стигтне до бројките на прифатените деца од пред пандемијата.
-Според Комисијата за заразни болести зголемен е бројот на деца во групите во градинките. Ситуацијата е безбедна, извршени се дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Наполно се безбедни, се придржуваме на сите мерки. Така, сега од приемот на 600 до 700 деца во градинките, ќе може да се вратиме на поранешните бројки од згрижување на околу 1 200 деца, рече Тодороски.
Општествено одговорната фирма „Гентерм“ го продолжи договорот за донирање опрема во градинките воспоставен уште 2019 година. Донациите се во вредност од преку 31.000 евра.
Компанијата „Гентерм“ донираше една од најголемите донации во прилепските градинки, вредна преку 31.000 евра. Донацијата се состои во 6 индустриски машини за перење, индустриски машини за сушење во градинките „Гоце Делчев“, „Мирче Ацев“ и „Тризла“. Донирани се и 750 метри квадратни ламинат кој е во вредност од 6 000 евра. Донацијата е во целост спроведена. Ќе оди чекор по чекор. Сега се наместени првите машини, а потоа и во другите градинки, во период од два месеца, објаснува Тодороски.
Менаџерот на компанијата Андреј Хафинетс вели дека со задоволство донираат во установите за најмладите, како што се градинките. Минатата година фокусот на донаторството беше во здравствените институции.
– Ова е продолжување на договорот за донирањето од 2019 година, кој лани беше одложен, зашто приоритет беше да им се помогне на медицинските лица и здравствените институции. Сега со задоволство донираме за иднината на најмладите, вели Хафинетс.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
-

До петок постудено со повремен дожд, а на планините снег
-

Револуционерно откритие од Јапонија: Создадена пластика која се раствора во морска вода за само неколку часа
-

Груби денеска излегува од куќен притвор
-

„Мета“ со нови ВИ-модели како соперници на „Опен-АИ“ и „Антропик“
-

Верстапен се искачи на второто место во историјата на Формула 1 по најмногу победи со еден тим
