Прилепскиот основен суд ги отфрли жалбите и го потврди притворот за 6 лица за случајот со болницата

Кривичниот совет при прилепскиот Основен суд ги отфрли жалбите и им го потврди притворот до 30 дена на шесте осомничени за случајот со прилепската болница. Осомничените, четворица од болницата и двајца надворешни, остануваат во притвор во Битола и во Шутка.
Бранителот на еден од осомничените, адвокатот Жаре Стеваноски нагласи дека со жалбата ги побиле сите наводи на Обвинителството и смета дека нема основа за притвор, зашто сите цела година во предистражната постапка биле достапни и соработувале.
-Станува збор за класична злоупотреба на приницпот за хиерархија од јавното обвинителство,зашто,во конкретниот предмет уште пред една година е отворена предистрага по наредба на обвинителството. И во таа годинасите, без исклучок и осомничени, сведоци, вработени се повикувани во Управата за финансиска полиција, имаат давано свои искази, уште пред половина година се вршени претреси по домовите на дел од осомничените, и тие отворено соработуваа со јавното обвинителство и со Управата за финансика полиција. Со оваа жалба ги побиваме, практично, двата основи по кои беше определена мерката притвор, тоа е опасност од бегство и влијание врз сведоци и вештаци. Овие основи отпадна уште минатата година, зашто осомничените знаеја дека се води истрага, беа достапни на органите за прогон, учествуваа активно во истрагата, изјави Стеваноски.
Прилепското Основно обвинителство спроведува истрага за вкупно 32, од кои 7 правни лица, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба на службената положба и за фалсификување и уништување деловни книги со што е оштетен буџетот на болницата за околу 700.000 евра.
Против 19 лица има мерка за претпазливост, а за 7 фирми од повеќе градови, забрана при постапки за јавни набавки.
Инаку, во прилепската Болница со општа надлежност „Борка Талески“, според информациите од раководството, долгот на институцијата е преполовен и болницата е ликвидна.
- Долгото што го наследивме како ново раководство беше 193 милиона денари. Сега е преполовен, имаме обврски од околу 100 милиона денари, но болницата е ликвидна. Нема никакви проблеми со здравствената услуга за сите пациенти. Постепено настојуваме кадровски да се екипираме со специјалисти во сите одделенија, вели директорот Кире Јоноски.
МИА
Ново на Сител
-

Карни: Канада е подготвена да ги продолжи трговските разговори со САД
-

Мицкоски од Валандово: Резултатот од црната кампања на СДСМ се покажа на 19 октомври со нивните три општини
-

Макрон: Потребно е зајакнување на воената поддршка за Украина
-

Бербок: Реформата на Советот за безбедност на ОН одамна требаше да се спроведе
-

Мицкоски од Конче: Нашата амбиција на овие избори е да имаме 59 градоначалнички места
-

Независниот кандидат за Могила се повлече од трката - ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден градоначалник
-

Препораки и мерки за актуелната состојба со сметот: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот
-

Касами ја продолжува кампањата за Тетово, рече дека бил градоначалник на сите граѓани
