Прилепчанец загина во сообраќајка кај Демир Хисар
Прилепчанецот Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево.
Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката се случила околу 7 часот при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски таблици управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблици кое било паркирано на патот.
- Сообраќајката се случила кај местото викано „Зли дол“ кај каменоломот. Возилото со кое управувал сега веќе починатиот Мендо Г. роден 1973 година од прилепското село Воѓани, е излетано од патот. Екипи на СВР-Битола, итна медицинска помош и пожарникарска служба сеуште се на терен, а поведовме и истрага за утврдување на причините за оваа сообраќајна несреќа, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава