Приказна од која ќе ве расплаче: Беше 20 дена во кома, а сега го бакнува олимпискиот медал
Канадскиот сноубордер Марк Мекморис го освои бронзениот медал на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг година дена по страотната несреќа во која здоби повреди опасни по живот - 17 скршеници на косите, дупнато белодробно крило и уништена слезина.
При обидот да изведе елемент кој вклучувал вртење од 1440 степени Мекморис удрил во стебло при што му експлодирала слезината, пробушено му било белодробното крило, ја скршил вилицата, левата рака и неколку ребра. Поради сериозноста на повредите ставен е во вештачка кома.
Следуваше повеќемесечно опоравување, а веќе во ноември минатата година Мекморис се натпреваруваше во светскиот куп и победи!
-Не сакам да размислувам за тоа што било, само ми е драго што можам да бидам на сноубордот, рече тој.
За него ова е втор олимписки медал, имаше бронзен и пред 4 години во Сочи.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење