Пријавени две семејни насилства во тетовско

Во тетовската полиција во текот на вчерашниот ден се пријавени два случаи на семејни насилства. Првиот се случил во дом во Тетово.
-Шеесетгодишна жителка на Тетово во 15 часот и 10 минути, во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот 65-годишен сопруг подолго време психички ја малтретирал, и се заканувал по животот и во алкохолизирана состојба, се обидел физички да ја нападне, информираат од СВР Тетово
Вториот случај е во едно од тетовските села.
-Дваесетгодишен жител на тетовско село вчера во СВР Тетово пријавил дека дента околу 18 часот и 40 минути, во неговиот дом, по куса вербална расправија, пред најблиските кои ги разделиле, физички бил нападнат од 40-годишниот вујко, информираат од полицијата.
За двата случаи се преземени активности за документирање и расчистување на пријавите.
Ново на Сител
-

Отворен иновативниот парк N99 Deep Tech Park
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Румен Радев е нов премиер на Бугарија, односите со Македонија не беа дел од првото обраќање
-

Македонија без многу очекувања од новата бугарска Влада
-

ВРЕДИ утре станува партија
-

Советничка на ЗНАМ ја напушти власта
-

Од понеделник поевтинуваат горивата?
-

ОЈО ќе го испитува случајот со заканите од 7-мо одделенецот во Битола
