-->
-->
Пријавена жена која се претставувала како вработена во Владата и нудела услуги за вработување за пари
-->
- Жена од Тетово е пријавена во полиција од неколку лица, кои тврдат дека им се претставувала како вработена во Владата и им ветувала дека ќе ги вработи, при што парично ги оштетила.
Лицата Љ.Ф.(39), К.Ф.(28) и С.Ф.(20) сите од село Слатина вчера пријавиле измама извршена од страна на лице по име А.А. од Тетово.
Тие, како што соопшти МВР, во текот на ноември минатата година се запознала со А.А. која им кажала дека работи во владина институција во Скопје и дека има доста пријатели во политички партии и дека може да им помогне да се вработат. Од оштетените побарала да и донесат документи за завршено образование, а и во два наврати им земала и парични средства од околу 2.800 евра.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување