Прифатени 74 проценти од граѓанските предлози во општина Кочани
Во Кочани прифатени се 74 проценти од вкупно предложените препораки произлезени од граѓаните на шестата форумска сесија, а кои ќе бидат вклучени во програмите на општината за 2017 година.
Градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски, рече дека проектите од форумскиот процес се предлози од страна на граѓаните за граѓаните.
- Најголема подршка доби изградбата на кружниот тек на двојниот мост во централното градско подрачје, како и прокетите за санација и реконструкција на атмосверската и фекалната канализација кај градскиот плоштад, затоплување на спортската сала на Соколаната, како и набавка на заштитна опрема на кочанската ТППЕ, изјави Димитровски.
Посочи дека во прокетите за реализација влегле и уредувањето со бехатон плочки во населбата Стришани и прилагодување на тротоарските површини во централното градско подрачје за инвалидизирани лица.
Од општината посочуваат дека се прифатени уште 10 проекти чија реализација ќе се спроведува во 2018 година, бидејќи природата на активностите и условите го наложуваат тоа.
Ново на Сител
-
Трамп: Примирјето во Украина зависи од Путин
-
24 години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
-
Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина
-
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа
-
Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор
-
Сончево и топло до 37 степени
-
На ГП Богородица се чека околу 30 минути