Приемливи идеи за претприемачите на Економскиот самит на Македонија 2025
Докажани експерти и претприемачи кои ќе дадат увид во своите сектори и за тоа што го работат, и на тој начин ќе им претстават применливи идеи на учесниците ќе партиципираат на Економскиот самит што ќе се одржи во Скопје од 18 до 20 ноември во организација на Македонија 2025.
Самитот, најавуваат од Македонија 2025, претставува платформа за интерактивно генерирање идеи и знаење преку предавањата и анализите на повеќе од 30 говорници, експерти во повеќе сектори што имаат особена важност во глобалната економија.
Претседавачот на самитот Зоран Мартиновски, менаџер на Меѓународната финансиска корпорација на Светската банка - ИФЦ за Македонија и Црна Гора, вели дека македонските компании можат да станат поконкурентни, но и да заштедат, само преку ефективен пренос на знаење и вовед на глобално усвоени методи во работењето.
Нагласува дека Самитот во Скопје ќе има повеќе тематски панели со експерти од регионот и од странство.
Панелот „Увид во трансформативните сектори“ има за цел да ги претстави методите што успеваат, како и методите што не успеваат во создавањето беспрекорна работна култура што ќе го одржува успехот на компанијата. Дел од говорниците на темата ќе бидат Џим Дан, програмски директор на Пацифик Институт, кој ќе зборува за трансформирање на работната култура во компанијата како и како да се стекнат мисловните процеси што им овозможуваат успех на енергетичните луѓе. Марио Шерич, кој е глобален експерт во областа на туризмот, ќе зборува за трансформативниот развој на овој сектор во Хрватска. Стив Шарп, претседател и извршен директор на Еуромакс, ќе зборува за трансформирање на регионалниот рударски сектор и други.
Македонија како центар за „паметни индустрии“ е панел што ќе ги мапира главните насоки на трансформирање на постојните капацитети, кон развој на агилен инфо-технолошки сектор. На овој панел ќе зборува Филип Мисовски, кој е главен експерт за производство на глобалната консултантска куќа САП од Германија и Петар Кајевски, директор за стратегија за клиенти на Оракл во Австрија. Тие ќе зборуваат за трансформирањето на Македонија во центар за иновации и инфо-комуникациски технологии. Методија Папазоски, соосновач и претседател на ЕМБС Груп од Полска, ќе зборува за потенцијалните на Македонија да стане центар за аутсорсинг според успешниот пример на Полска.
Ново на Сител
-
Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци
-
ДКСК ќе ја одржи 22. седница
-
Министерот Бесент очекува САД годишно да имаат над 500 милијарди долари приходи од царини
-
Нема активни пожари, под контрола во „Јасен“, во Долнени и на Кожуф
-
Болсонаро е под 24-часовен полициски надзор поради ризик од бегство
-
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
-
Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон
-
Трендафилов: Загрижува што нема договор за зголемување на минималната плата