Причини зошто постелнината треба да се пере често
За да се избегнат дел од причините за здравствените проблеми, постелнината треба да се пере еднаш неделно на препорачана температура, тврдат експертите.
- Зависно од тоа за што и колку креветот се користи, како и колку сте чисти кога во него се легнува и дали носите пижами, вашиот кревет може да биде многу нечист и да му наштети и на телото, изјави Лајза Акерли, говорејќи за важноста на честото менување на постелнината
Како што маведува „Сан“, таа потсетува дека постелата е плодно тло за размножување на бактериите, особено поради влагата што се создава и пораде се што се случува во креветот. Покрај ова, просечна личност за неколку денови губи околу десет грама кожа, од која поголемиот дел го „остава“ во креветот.
- Во текот на сонот се потиме, а нашата кожа испушта маснотии и нечистотија. На чаршафите можат да се пронајдат траги од плунка, урина, генитални течности и фекална материи, истакнува Акерли.
- Ако постелата не се пере редовно, а лицето кое спие на неа има гребнатини или рани на кожата, тие можат да се инфицираат. Габичките на стапалата можат да се пренесат на други делови на телото преку чаршафите. Нередовното менување и на навлаките на перниците доведува нечистотијата да се абсорбира во душеците и перниците, што е многу потешко да се исчисти, додадва таа.
Препорака на Акерли е реодвно бришење на прашината, наутро отворање прозорец и проветрување на постелата, а пред се таа да се пере еднаш неделно.
Ново на Сител
-
Медицинска опрема вредна 13 милиони евра не се користи и скапува во подруми утврди ДЗР
-
Засега ќе нема нови мерки за цените – хигиенските производи во дел од маркетите поскапеа за над 50%
-
Отворена новата градинка „ Пролет“ во општина Центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Коцевски: Идниот месец обвинение за Кочани
-
Филипче: Владејачката коалиција ќе се распадне
-
Нова градинка во скопски Центар
-
Годинава само половина од планираните површини ќе се посеат под ориз