Причини поради кои и натаму не е познат победникот на американските избори
Резултатите од изборите во САД сè уште не се познати бидејќи не се пребројани сите гласови. Голем број гласови поради пандемијата на коронавирус пристигнуваат по пошта. И поради тоа, пребројувањето може да трае со денови. Покрај тоа, ако резултатите се оспорат, конечниот резултат од изборите може да се чека и со недели, пишува Би-би-си.
Како што е познато, кандидатите за изборите во САД не мора да имаат повеќе вкупни гласови за да победат, но мора да освојат мнозинство во рамките на таканаречениот електорски систем. Во рамките на овој систем, секоја држава има одреден број гласови, односно избирачи (електори). Бројот на избирачи зависи од населението на државата. Кој и да победи во држава, ги добива нејзините гласови, освен во случајот со Небраска и Мејн, но тоа е малку покомплицирано. Вкупно има 538 гласа од сите сојузни држави, така што кој ќе добие 270 од нив, станува победник.
Затоа, и покрај рекордната излезност на изборите оваа година, има само неколку клучни држави во кои на крајот ќе се одлучува кој ќе стане претседател.
Досега, и Бајден и Трамп освоија гласови во оние држави каде што се очекуваше. Трката е сè уште тесна во неколку клучни држави. Во некои од нив, броењето на гласовите што пристигнале по пошта сè уште не е започнато, а тоа може да промени сè.
На Флорида, каде се чини дека победи Трамп, многумина укажуваат на поддршката што му ја дале кубанските Американци во округот Мајами-Даде.
Во Аризона, каде кандидат на демократите не победил од 1996 година, се чини дека победи Џо Бајден. Тој изборната кампања во оваа земја ја насочи кон младите и прогресивни Латиноамериканци.
Висконсин и Пенсилванија сè уште не започнале со броење на поштенските гласови, а тоа може да трае со денови.
Сепак, Доналд Трамп помина подобро отколку што се очекуваше и покажуваа многу предизборни анкети, додека Џо Бајден не победи во клучните држави чии окрузи брзо ги пребројуваат гласовите. Ова води кон уште поголема неизвесност додека се чекаат резултатите од клучните држави.
Можно е изборните резултати да не бидат познати со денови. И тоа во моментов е најверојатното сценарио. Битката се префрла во пребројувањето на поштенски гласови што треба да пресметаат на места како Мичиген, Висконсин и Пенсилванија.
Покрај тоа, во целата приказна можат да бидат вклуени и адвокати. Трамп веќе најави дека ќе ги повлече законските потези доколку резултатите бидат тесни. Во тој случај, резултатите може да чекаат и со недели.
Некои теоретичари го поставуваат и прашањето дали оваа несигурност може да доведе до немири. Сепак, иако многу Американци веќе изразија загриженост за резултатот, рано е да се предвиди дали ќе се случат значителни немири.
Ново на Сител
-
Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Најмалку 104 лица го загубија животот, а 28 се повредени во поплави во источниот дел на ДР Конго
-
Филков: Со новиот Закон за Судски совет воведуваме јасни критериуми и механизми за одговорност
-
Истрага за сообраќајна несреќа во Чаир во која има едно лице повредено
-
Приведен 29-годишен маж во Куманово, крадел предмети од црква
-
Укината забраната во Барселона и Тарагона за излегување надвор поради токсичен чад после пожар
-
Со секира ги нападнал родителите, таткото починал - приведен маж од кичевско
-
Индија и Пакистан упатија меѓусебни обвинувања за кршење на прекинот на огнот