-->
-->
При рутинска контрола полицијата открила дрога - уапсен млад стружанец
-->
Полицијата во Струга при рутинска контрола пронашла марихуана кај 27-годишно момче. Според информациите на полицијата, утринава во 00.45 часот на ул.„Партизанска“ во Струга, од страна на полициски службеници било запрено патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.О. (27) од с.Делгожда, струшко, во кое совозач бил М.Д.(29) од с.Делгожда.
При легитимирање М.Д. фрлил едно полиетиленско ќесе со наркотична дрога марихуана. Ќесето било подигнато и предадено на вештачење, а М.Д. бил лишен од слобода.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога
-
Попладне краткотраен дожд, температура до 29 степени
-
Приведен албански државјанин за нелегално пренесување добиток
-
Дебранец лишен од слобода поради поседување оружје и муниција
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час
-
Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност
-
Приведени двајца возачи во Тетовско за пребрзо возење
-
Змија на тераса во Карпош | ФОТО