При прошетка во природа, Норвежанец открил древни златни предмети
При прошетка во природа по препорака на својот лекар, Норвежанец наишол на најголемото богатство откриено во земјата последниве сто години.
Ерленд Боре (51) сериозно го сфатил советот дека, поради своето здравје, мора повеќе да се движи, па излегол на препорачаната прошетка во близина на градот Стевенгер во југозападна Норвешка, но со детектор за метал во рацете. Тој сепак не ни помислувал дека ќе најде златници од пред 1.500 години - ерата на Големата преселба на народите.
- Додека пешачев на (островот, општината, б.п.) Ренесој, детекторот за метал почна да прави бучава... А, најпрво мислев дека се работи за „чоколадни парички“. Беше сосем неверојатно!, рече Боре.
Тој ископал девет златни приврзоци во облик на монети и 10 златни монистра коишто некогаш биле дел од луксузен ѓердан и три прстени, а вкупната тежина на богатството е нешто повеќе од 100 грама. Норвежанецот веднаш стапил во контакт со Универзитетот во Стевенгер и археолози кои потоа ја продолжиле потрагата.
Според стручњаците, таквите раскошни ѓердани носеле големците во доцната антика и раниот среден век.
Норвежанецот нема да може да го задржи богатството. Имено, според норвешкиот Закон, сите историски предмети постари од 1537 година и монетите изработени пред 1650. се сметаат за државна сопственост и од пронаоѓачот се бара да ги предаде на властите. Инаку, слично откритие последен пат во Норвешка се случило во 19 век.
Ново на Сител
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија
-
46-годишен маж од Скопје се удави во Дебарско Езеро
-
ЦУК: Активни шест пожари на отворено, еден е под контрола, а изгаснати се 21 пожари
-
Нетанјаху ги предупреди жителите на Газа веднаш да се евакуираат
-
Виландер: Синер е шампион, а Алкараз е суперѕвезда
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај патот Маврово-Гостивар во која учествувале осум возила
-
Приведен 46-годишник, со огнено оружје се заканувал на пријавителот
-
35-годишна жена од Богданци физички нападната од нејзиниот сопруг во угостителски објект