При претресот кај Видевски не е пронајден пиштолот за кој имал дозвола
На денешното рочиште за судењата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски сведочеше Стојан Кујунџиоски, кој е полицаец од СВР Велес.
- Бев вклучен во истрагата за Панче Жежовски во околината на Велес. Јас и колегите ги прегледавме и камерите од хотел „Романтик“, исстакна денеска сведокот.
Тој вели дека не може да потврди како биле облечни лицата во „кангуто“ и „цитроенот“ кои се гледаат на камерите од хотелот.
Потврди дека одзеле предмети од Јасминка Видевска, ловна пушка, патрони и куршуми за пиштол 9 мм.
- Предметите беа ставени на увид и тие што беа потребни за увид беа преземени од страна на колегите. Пиштолот на Боре Видевски не беше пронајден при претресот, истакна сведокот.
Тој додаде дека не го известил Обвинителството официјално дека го нема пиштолот на Видески.
- Ја известивме обвинителката Славица Темелковски само усно, објасни тој.
- При претресот не е пронајден пиштолот, јас немав контакт со Видески за да прашам каде е оружјето. Претресот не го правев јас, рече сведокот.
14-годишната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 24 и 27 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.
За случајот се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути