Македонија
1. October 2025 - 9:37

При претрес во Радовиш пронајдена дрога, приведен 34-годишник од Радовиш

На 30.09.2025 во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.Б.(34) од Радовиш.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.