Македонија
5. July 2021 - 17:04

При претрес во Прилеп пронајдени оружје и муниција

При претрес во домот на Д.Р.(50) од  Прилеп полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп пронашле и одзеле пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, четири парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и шест ловечки патрони. За пронајденото оружје и муниција Д.Р. не поседувал дозвола.

-По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик, информираа денеска од МВР