Македонија
27. September 2023 - 10:14

При претрес во Дебреште пронајден пиштол

На 26.09.2023 во с.Дебреште, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.И.(53) од с.Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол калибар 7.65 мм, рамка за пиштол калибар 7.65 мм и други предмети, соопшти МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.