Македонија
18. October 2025 - 11:01

При претрес пронајдена е марихуана, приведен 34-годишник

На 17.10.2025 во 22:20 часот во Скопје полициските службеници од Единицата за интервентна полиција  го лишија од слобода А.М. (34) од скопско, затоа што при преглед кај него е пронајдена кеса со марихуана.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од КЗ.