Македонија
6. October 2021 - 18:13

При претрес кај скопјанец пронајдени 40 кеси со марихуана со тежина од околу 1,5 килограми

Денеска (06.10.2021) полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија по  добиени оперативни сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом и други простории на Г,Ф. (29) во с. Долно Лисиче и други локации. При претресите пронајдени се 40 кеси со марихуана со вкупна тежина од околу килограм и половина, дигитални ваги, како  и амфетамин.

Лицето е лишено од слобода во ПС Аеродром за понатамошна постапка.

По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.